Барса во понеделник на итен состанок, ќе „летаат глави“

Макфакс

15/08/2020

15:13

2.929

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу свикал итен состанок на бордот на клубот за во понеделник по катастрофалниот 8:2 пораз од Баерн Минхен, откако веднаш по мечот се извини за навивачите за срамотниот пораз.

На состанокот ќе се направи анализа на состојбата во клубот, ќе се разгледуваат опциите за тоа кој ќе биде наследник на Кике Сетиен на тренерското место, а според каталонските медиуми дури постои можност да се свикаат и итни избори во клубот, бидејќи мандатот на Бартомеу трае уште една година.

По „катастрофата“ во Лисабон, секако, шпанските медиуми шпекулираат за речиси сите проблеми во каталонскиот клуб. Се верува дека Маурисио Почетино е прв фаворит за да го преземе тренерското место, но исто така постои можноста и Лео Меси да реши да замине од клубот во кој ја помина целата кариера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг