Летечки автомобили би можеле да се појават на улиците на Јапонија веќе во 2023-та година: Наскоро без метежи на патиштата?

Точка

14/08/2020

19:39

3.234

Големина на фонт

а а а

Јапонската влада вложила огромни средства во развој на летечките автомобили за да го растовари патниот сообраќај.

Јапонија е позната по својата напредна технологија и одлучно тргнува во развојот на летечките автомобили, за што е можно побрзо да го растовари патниот сообраќај. 

Владата одлучила да вложи големи средства во развојот на летечките автомобили, со цел нивна комерцијализација веќе во 2023-та година. Планот е летечките автомобили да го растоварат патниот сообраќај во големите градови, но и да бидат иновативен начин за превоз на подрачјата кои инаку се тешко достапни.

Компанијата "SkyDrive", затоа, направила план да ги изработи овие автомобили.

Возачите преку пат би доаѓале од пистите, односно на места од кои се полетува. Од таму со автомобилите би полетувале во воздух. Целта е до 2050-та година да биде можно да се долета до било кое место во Токио за помалку од 10 минути.

Овие автомобили ќе бидат високи 1,5 метри и широки 4 метри. Ќе личат на дронови со големина на автомобили, а ќе развиваат најголема брзина од 100 километри на час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг