Грчки и турски воени бродови се судриле во источното Средоземје, соопштило денес грчкото министерство за одбрана, опишувајќи го настанот како "незгода".
Во текот на оваа недела тензиите на релација Атина-Анкара постојано растат откако Турција пратила еден истражувачки брод, во придружба на неколку воени бродови, во мапирање на дел на Средоземното море, каде се претпоставува дека има наоѓалишта на нафта и гас.
Двете земји полагаат право на тој дел од Средоземното море, па поради тоа денеска е закажан состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ.
Турскиот истражувачки конвој се движел во водите меѓу Кипар и островот Крит, а неговото движење го следеле и надгледувале грчки воени бродови.
Во еден момент во текот на маневрирањето дошло до судир на еден грчки и еден турски воен брод.
"Тоа беше несреќа", соопштил за "Reuters" доверлив извор од Грција.
Турција не се огласила по повод овој инцидент, но претседателот Ердоган е заканил со одмазда за секој што ќе се обиде да го нападне турскиот истражувачки брод.