Audi RSQ8-R by ABT: За само 125 најсреќни купувачи

Точка

14/08/2020

16:03

2.555

Големина на фонт

а а а

Серискиот модел на RSQ8 на Audi е и тоа како моќен автомобил, но сепак ABT реши да го надогради и на почетокот на оваа година ја претстави тјунираната верзија со свој потпис, наречена RSQ8-R.

Стандардно, 4.0-литарскиот бензински V8 мотор на овој моќен ѕвер од Инглоштад произведува 600 коњски сили и 800 Nm максимален обртен момент, но од ABT очигледно сметале дека тоа не е доволно. Така, RSQ8-R пристигнува со 740 коњски сили и 920 Nm максимален обртен момент.


Максималната брзина изнесува 315 километри на час, а посебно внимание привлекува издувниот систем со четири цевки кој и тоа како ќе им значи на тие што сакаат да го слушнат звукот на V8 biturbo моторот.


Автомобилот пристигнува со „аеро пакет“ со карбонски влакна и големи 23-инчни ABT High Performance HR тркала.


Ќе бидат произведени само 125 вакви автомобили, а цената засега не е позната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг