Саул Нигез сурово искрен по поразот на Атлетико Мадрид: Беа супериорни, на моменти не можевме…

Дерби

14/08/2020

15:01

1.822

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид важеше за фаворит на вчерашната пресметка во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Ред Бул Лајпциг, но на крајот стадионот во Лисабон го напуштија со наведната глава.

Многумина веруваа дека „душекчиите“ откако го елиминираа актуелниот шампион, Ливерпул, без поголем проблем ќе го елиминираат Лајпциг, но тоа не се случи.

Со головите на Дани Олмо и Тајлер Адамс германскиот клуб си закажа пресметка со ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите.

По натпреварот играчите на Атлетико Мадрид беа самокритични, а меѓу нив беше и Саул Нигез кој изјави дека на моменти не ни знаеле како да му парираат на својот противник.

– Боли кога губиш, но нашите ривали беа подобри на натпреварот. Го подигаа темпото и ние не знаевме како да реагираме. Беа супериорни против нас, а на моменти не можевме ни да ги запреме, - изјави Саул Нигез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг