Ова е најмоќната ''бомба'' за подобрување на крвната слика – 3 состојки кои ќе ве препородат

Точка

14/08/2020

14:15

5.599

Големина на фонт

а а а

Немојте да го одложувате подготвувањето на овој природен лек, ќе ви годи неговиот вкус, како и позитивните влијанија на вашето здравје.

Кај крвната слика не е најважен само бројот на црвените крвни зрнца, туку и нивото на хемоглобин.

Доколку хемоглобинот е на ниско ниво, доаѓа до намалено пренесување на кислород, а тоа може да предизвика анемија.

Народната медицина нуди голем број природни и ефикасни рецепти со кои што може да се постигне зголемување на хемоглобинот во крвта.

За остварување на таквиот резултат треба да се концентрирате на оние рецепти кои што вклучуваат состојки богати со витамини.

Затоа во продолжение ќе ви пренесеме еден рецепт кој што е природен еликсир.


Состојки:

- 200 милилитри мед
- 200 грама ореви
- 200 милилитри сок од морков
- 200 милилитри сок од цвекло
- 2 лимона 


Подготовка:

Измијте ги лимоните и исечете ги на половина. Од секоја половина извадете ги семките.

Измелете ги заедно со кората, а потоа таа смеса ставете ја во стаклена тегла од еден литар.

Потоа додадете го медот, сокот од цвекло и морков и добро измешајте.

Додадете ги ситно измелените ореви и повторно измешајте.

Еликсирот чувајте го во фрижидер.

Консумирајте по една лажица од оваа смеса пред секој оброк, три пати дневно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг