Рос Баркли фотографиран како едвај стои на нозе на Миконос

Дерби

14/08/2020

10:48

2.610

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Челси во моментов се на пауза откако заврши сезоната за нив со последниот натпревар против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Голем дел од нив веќе се во познатите туристички места, а играчот од средината на теренот, Рос Баркли своето слободно време го минува на грчкиот остров Миконос.

Од таму пристигнаа фотографии на кои се гледа како Баркли едвај стои на нозе и се потпира врз негов пријател.

Од „Дејли Мејл“ истакнаа дека ги контактирале претставниците на играчот за коментар за овие слики, но тие не биле достапни за тоа.

Инаку, Рос Баркли е познат во јавноста во Англија како некој кој ја обожава забавата, а во неколку наврати беше фотографиран во слична позиција како сега во Миконос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг