Попов откри дека имал урнебесна средба со Лампард: Ти си оној што го плукна…

Дерби

14/08/2020

10:23

1.917

Големина на фонт

а а а

Горан Попов имаше навистина респектабилна интернационална кариера, па сега веќе пензионираниот лев бек и поранешен македонски репрезентативец со насмевка на лицето може да се потсеќа на интересни моменти и сегменти од животот, а еден од нив е случајната средба која ја имал со Френк Лампард.

Македонскиот лев бек имаше одлична кариера во Динамо Киев и во фудбалска Украина и натаму е доста почитуван, па правејќи интервју за познатата телевизија „СпортАрена“, Попов откри една комична анегдота од негова прошетка во Милано.

Попов сподели дека имал навистина необична средба со Френк Лампард кој бил во Милано за да биде дел од прошталниот меч на Андреа Пирло, а тој со својата сопруга и своето дете имал можност да поразговара со него неколку минути откако првично му се претставил.

– Имав пет слободни дена и јас, мојата сопруга и детето отидовме во Милано. Влеговме во продавницата на „Гучи“ и таму затекнав многу познато лице. Со капче на главата, го видов Лампард. Во Милано беше и Шева, беа собрани за прошталниот меч на Пирло. Играа на главниот стадион во Милано и беа собрани легенди како Шевченко, Тоти…..

– Јас му пријдов на Лампард, му реков „здраво“ и му се претставив. Најпрво не ме позна, но му кажав дека играв за Вест Бромвич Албион и дека бев репрезентативец на Македонија. Потоа се сети и ми кажа, ти си оној кој го плукна Вокер. Имавме разговор од две три минути и направивме фотографија, – со насмевка открива Попов чија кариера во Премиер лигата најмногу ќе се памети по инцидентот со тогашниот десен бек на Тотенхем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг