Се зголемува бројот на случаи со Ковид-19 во Берово

Нетпрес

13/08/2020

20:55

1.487

Големина на фонт

а а а

Се зголемува бројот на случаи со Ковид-19 во Берово. Здравствените надлежни денеска соопштија за нов пациент кој имал позитивен тест на коронавирус со што бројката на заразени лица од вирусот во Берово од почетокот на пандемијата сега изнесува 10 лица.

-Со денешниот нов случај активни се седум лица. Најновите информации велат дека најголем дел од овие пациенти се во добра состојба, со што многу скоро ќе се вбројат на листата на оздравени пациенти, велат надлежните.

Тие упатија препораки и понатаму да се почитува обврската за заштита од вирусот со препорачаните мерки од страна на Комисијата за заштита на заразни болести и Министерството за здравство. 

Во останатите општини од опкружувањето, Делчево, Македонска Каменица и Пехчево во текот на денешниот ден не се регистрирани нови позитивни случаи на Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг