Од снимка од белоруски затвор се крева косата на главата: Од зградата во која се затворени демонстранти се слушаат врисоци

Точка

13/08/2020

20:41

3.826

Големина на фонт

а а а

Протестите поради изборите во Белорусија продолжуваат петти ден. Полицијата потврдила дека до вчера уапсила најмалку 6.700 луѓе и дека отворила оган со муниција на група демонстранти за самоодбрана, повредувајќи еден демонстрант.

Најмалку двајца демонстранти биле убиени откако започнале протестите на 9-ти август. Полицијата во заштитна опрема во петокот го нападнала протестниот собир, отстранувајќи стотици демонстранти со гумени куршуми, солзавец и друго оружје. 

Но, многу од притворените демонстранти се претепани во затворите и во полициските станици. Државната телевизија емитувала снимки од млади демонстранти, од кои некои се видно претепани, а кои очигледно биле принудени да ветат дека повеќе нема да учествуваат во протестите.

Но, новото видео, кое се појавило на социјалните мрежи на едно белоруско радио е многу пострашно. Се слушаат врисоци од затворот Акрестина, која се наоѓа во главниот град Минск, каде демонстрантите наводно биле затворени и мачени.

Украинскиот новинар Максим Еристави исто така го објавил видеото на Твитер со следниот опис: "Можете да ги слушнете врисоците на затворениците во домот за мачење Акрестина во Минск, снимени од "Euroradio". Жителите од куќите во близина велат дека врисоците траеле цела вечер. Илјадници луѓе и натаму се во затворските ќелии".

"BBC" пренесува дека има се повеќе докази за полициска бруталност, како на улиците така и во затворите, а жртвите на оваа бруталност не се само демонстранти, туку и новинари и минувачи. По враќањето во Русија, Никита Телизенко објавил шокантно сведоштво за трите денови кои ги минал во белоруски затвор.

Опишал како луѓето во затвор лежат едни врз други, во локви крв, а не им е дозволено ни да одат во тоалет.

Има голем број на тешко повредени, со скршени екстремитети и модринки. И покрај тоа, затворските власти не им пружиле медицинска помош, туку ги претепале. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг