Во Ирак рекордни 3.841 новозаразени со коронавирус

Макфакс

13/08/2020

20:09

688

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство во Ирак соопшти дека во последните 24 часа со новиот коронавирус се заразиле 3.841 лица, најмногу од почетокот на пандемијата.

Досега се заразени вкупно 164.227 лица во Ирак, од кои 5.641 починале, а 117.208 се опоравени, според официјалните податоци на Министерството.

Без оглед на преземените мерки за ограничување на движењето, бројот на заразени расте. 

Застарена опрема и недостаток на персонал 

На почетокот на епидемијата Ирак беше скоро поштеден, а сега е една од најпогодените земји на Блискиот исток, но сепак е далеку зад соседниот Иран, кој има повеќе од 300.000 случаи и 18.000 смртни случаи. 

Здравствените установи и опрема се застарени и недостига стручен персонал. 

Здравствениот буџет изнесува помалку од два проценти од БДП-то во една од најбогатите земји со нафта. 

Според Светската здравствена организација (СЗО), Ирак има 14 болнички кревети на 10.000 жители, додека, на пример, Франција има 60.



Спонзорирани линкови

Маркетинг