Македонски државјанин ограбен во Драч – му украле 6.000 франци и автомобил „AudiQ5“

Точка

13/08/2020

20:22

5.294

Големина на фонт

а а а

Македонски државјанин, кој што поседувал и швајцарски пасош, под закана со пиштол бил ограбен, односно од неговата сопруга биле украдени 6.000 швајцарски франци и автомобил марка „AudiQ5“, во Драч - Албанија.

„На Албанец од Северна Македонија со постојано место на живеење во Швајцарија, кој во Албанија пристигнал на одмор со неговата сопруга, странска државјанка, од страна на две лица, под закана со пиштол им биле одзменеи 6.000 швајцарски франци и автомобилот „AuidiQ5″“ - пренесува тамошна телевизија.

Според деталите кои што ги соопштила полицијата, македонскиот државјанин се паркирал пред маркет во Драч, но автомобилот не го изгаснал.

Во него била неговата сопруга, на која што две лица ѝ се приближиле и под закана ѝ ги зеле парите, ја истуркале од автомобилот, по што влегле во истиот и побегнале.

„Веднаш по дојавата за немилиот настан интервенираа полициските службеници од од Драч и по неколку часа со успех ја финализираа акцијата.

Уапсени се лицата кои го ограбиле Б.Ф (33), државјанин на РС Македонија, кој поседува и пасош на Швајцарија, и неговата сопруга. Станува збор за Х.С (40) и Р.К (33) и двајцата од Драч, кои директно учествувале во настанот, како и Г.Д. од Каваја од кого побарале да им помогне да се засолнат“ - стои во полициското соопштение.

Се додава дека е пронајден и автомобилот, а се работи на пронаоѓање на украдените пари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг