Историски договор меѓу Израел и ОАЕ: Еве што е договорено

Точка

13/08/2020

19:13

1.460

Големина на фонт

а а а

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнале историски договор според кој Израел прифатил да престане да ги присвојува подрачјата на Западниот Брег кои планирал да ги анектира.

Оваа информација денес на Твитер ја објавил и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој помогнал овој договор да се потпише. 

Тоа е прв договор од тој вид потпишан по оној од 1994-та година меѓу Израел и Јордан, а конечно треба да донесе до целосна нормализација во дипломатските односи на овие две земји.

Како што рекол Трамп, а пренесуваат бројни светски медиуми, ова е историски исчекор.

"Нашите два големи пријатели постигна историски мировен договор - Израел и ОАЕ. Сите велеа дека не е возможно. По 49 години Израел и ОАЕ во целост ќе ги нормализираат дипломатските односи. Ќе се воспостават дипломатски претставништва и ќе започне прекугранична соработка", рекол Трамп.

Американскиот претседател истакнал дека станува збор за значаен чекор кој ќе придонесе за изградба на мирен, побезбеден и поразвиен Близок исток.

"Сега кога мразот е пробиен очекувам повеќе арапски и муслимански земји да го следат примерот на ОАЕ и да ги нормализираат односите со Израел", навел Трамп.

Според наводите на медиумите, договорот предвидува на муслиманите да им се овозможи поголем пристап до џамијата Ал-Акса во Стариот град Ерусалим, како и да летаат од Абу Даби во Тел Авив, а од друга страна ОАЕ и Израел ќе ја прошират и забрзаат соработката во поглед на лечењето и развојот на вакцина против коронавируост.

Договорот уследил во четвртокот по телефонска седница на која присуствувале претседателот на САД Доналд Трамп, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и принцот на Абуд Даби, Шеик Мохамед Бин Зајед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг