Јанис Адетокумбо го навлече гневот на јавноста во САД кога на неспортски начин, со глава го удри својот противник.
Поради ударот во стилот на Зинедин Зидан, Јанис доби казна од НБА лигата и нема да може да настапи на натпреварот кој Милвоки ќе го игра со Мемфис.
– Кошаркарот на Милвоки доби суспензија и нема да игра на следниот натпревар поради удар со глава на играчот на Вашингтон, Мо Вагнер, – се вели во дел од соопштението од лигата.
Инаку ова беше четврто исклучување на еден од најдобрите кошаркари на денешницата во НБА лигата.
По натпреварот кошаркарот се извини за ужасниот потег кој го повлекол и истакна дека доколку би можел да го врати времето тоа дефинитивно нема да го повтори.