Чеко Перез закрепна од коронавирусот и се враќа во болидот на Рејсинг Поинт

Дерби

13/08/2020

16:48

6.317

Големина на фонт

а а а

Мексиканскиот пилот во Формула 1, Серхио Перез закрепна од опасниот вирус откако беше негативен на последното тестирање.

Чеко Перез ги пропушти двете трки на Силверстоун на кои го замени Нико Хулкенберг кој остави одличен впечаток, посебно во втората трка возена во Велика Британија.

И покрај одличниот настап, Хулкенберг сега ќе се врати меѓу гледачите затоа што Перез доби дозвола повторно да седне во болидот на Рејсинг Поинт.

Самиот мексикански пилот изјави дека е 100% подготвен да се врати на патеката во Каталонија на трката за Големата Награда на Шпанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг