Актерите откија детали од снимањето на 18+ сцените во филмовите: „Ставав мокар сунѓер меѓу нозете“

Точка

13/08/2020

21:26

16.672

Големина на фонт

а а а

Холивудските актери применуваат различни методи за да снимат жешки сцени во филмовите, а тоа се обидуваат да го направат за да им биде помалку непријатно.

Снимањето на секс сцените во филмовите секогаш носи непријатни ситуации со себе, а актерите прават сè за да се опуштат и подобро да го одглумат сето тоа.

Филмот „50 нијанси сиво“ е преполн со експлицитни сцени, а главниот актер Џејми Дорнан открил кој начин во текот на снимањето на филмот го заштитил за да не се видат неговите интимни делови.

„Вашите интимни делови се недопрени доколку ги заштитите и ставите вреќичка со боја на месо. Сè ставам внатре и го зацврстувам. Тоа е многу чудна работа доколку ја правите секој ден“ - изјавил тој за „GQ“.

Мајкл Фасбендер пробал различни методи во текот на годините. Во снимањето на сцените со Кира Најтли во филмот „A Dangerous Method“, парот спасот и самодовербата го барал во алкохолот.

„И двајцата бевме многу нервозни поради тие сцени затоа што е многу непријатно. Тој е навистина прекрасен - испивме неколку голтки вотка пред да ја снимаме сцената и неколку чаши шампањ потоа“ - изјавила Кира.

Мајкл раскажал дека неговата најдобра метода за опуштање е кажување вицови, за атмосферата да биде поопуштена.

„Раскажуваш вицови и се обидуваш работите да ги опуштиш, затоа што да бидеме искрени, сакате да влезете внатре и веднаш да снимате такви сцени за побрзо да го заврши сето тоа“ - изјавил актерот.

Оскаровката Оливиа Колман користела преграда меѓу нозете во текот на интимната сцена во филмот „The Favorite“:

„Ја прашав шминкерката дали има сунѓер да ми позајми. Го зедов, беше мокар и го ставив меѓу нозете. Мислев дека така ќе биде сè во ред“ - изјавила Оливиа.

Кејт Винслет имала друг трик. Наместо партнер, Кејт тоа го правела на пилатес топка во текот на снимањето на секс сцената:

„Додека го правеше тоа не смееше да се смее. Па и кажав да стави малку вода во устата за да не се насмее“ - изјавил режисерот на филмот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг