Ердоган: Ќе разговарам со Меркел, нема да дозволиме ниедна земја да ги крши нашите права

Макфакс

13/08/2020

14:38

759

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека денеска ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Тој најави дека ќе се обиде да ги смири тензиите во источниот Медитеран.

Ердоган го рече тоа во обраќањето пред претставниците на неговата партија во Анкара.

„Решението во источниот Медитеран е преку дијалог и преговори“, рече турскиот претседател, но додаде дека Анкара нема да дозволи ниедна земја да ги крши нивните права.

Тензиите се интензивираа во последните неколку дена во зоната богата со енергенси во источниот Медитеран, за која се спорат Турција и Грција. Атина ја обвини Анкара за нелегални истражувања на нафта и гас во нејзините води.

Франција денес испрати два борбени авиони „рафал“ и два брода на Воената морнарица кон источниот Медитеран, каде Турција повторно испрати брод во грчкиот дел од морето за да бара гас и нафта под морето, придружено со флота на воени бродови. Како одговор на тоа, Грција ги испрати своите воени бродови во областа и ја крена воената подготвеност.

Франција соопшти дека испрати воени засилувања во источниот Медитеран за да придонесе за почитување на меѓународното право.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес се заблагодари на Франција за зајакнувањето на военото присуство во источниот Медитеран, јавува агенцијата АП.



Спонзорирани линкови

Маркетинг