Еден Твитер корисник одлучил да ја 'измами' својата сопруга и да се преправа дека се повредил додека работел во гаража.
Направил сè за да изгледа како со шајка да се прободел на дрво.
Со плачлив глас ја повикал сопругата за со клешти да ја извади шајката и да му го ослободи прстот.
Додека таа испаничено барала клешти и се обидувала да пронајде начин како да го направи тоа најбезболно, тој цело време ѝ покажувал како да го направи тоа, користејќи го 'повредениот прст'.
Неа ѝ било потребно кратко време за да сфати што направил, но изразот на нејзиното лице открива дека неа целата ситуација не ѝ била нималку забавна и смешна.
Впрочем, најдобро е сами да погледнете како изгледало тоа.