Сè повеќе луѓе пријавуваат еден ''задоцнет'' симптом на Ковид-19: Најчесто се јавува кога сè ќе помине

Точка

13/08/2020

14:02

9.451

Големина на фонт

а а а

Последиците од коронавирусот може да се појават кај пациентите и по 2-3 месеци.

Од самиот почеток на пандемијата редовно се појавуваат нови информации за вирусот кои што често се контрадикторни.

Бидејќи здравствените работници и научници и понатаму истражуваат на кои начини вирусот може да е манифестира, не е ни чудно што и понатаму откриваат нови симптоми на истиот.

Коронавирусот има широк спектар на симптоми, а во последно време сè почесто кај пациентите се појавува и губење на косата.

Д-р Натали Ламберт во соработка со Медицинскиот Универзитет во Индија, објавиле извештај за пациенти со синдром на долгорочен Ковид-19.


„Резултатите од ова истражување се пријавени искуства од луѓето кои што патат од долгорочни симптоми на Ковид-19. Ова не е рецензирана студија“ - се напоменува во извештајот.

Извештајот опишува огромни ефекти од вирусот на повеќе телесни системи, наведувајќи дека додека симптомите на белите дробови се добро препознатливи, постојат и многу други симптоми кои што влијаат на другите органи и претставуваат голем здравствен проблем кај луѓето.

Покрај многуте други манифестации на овој вирус, еден од најчудните симптоми е губење на косата.

Докторите сметаат дека опаѓањето на косата е предизвикано од дерматолошки проблем кој што често се појавува кога организмот повеќе не е под голем стрес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг