Во спорот помеѓу Турција и Грција на Медитеранот се вмеша уште една држава - се зголемува воената присутност

Точка

13/08/2020

21:25

8.946

Големина на фонт

а а а

Франција ќе го зголеми своето воено присуство во источниот Медитеран, објави во средата францускиот претседател, Емануел Макрон.

Тој ја повика Турција да престане со истражувањето на нафта и бензин во спорните води, што ги зголеми тензиите со Грција.

Францускиот претседател во разговор со грчкиот премиер Кријакос Мицотакис изразил загриженост поради 'унилатералното' истражување, соопштила Елисејската палата, додавајќи дека тоа мора да запре за да се овозможи дијалог помеѓу двете членки на НАТО.


Франција привремено ќе го зајакне своето воено присуство на источниот Медитеран, се додава во соопштението, со цел да се следи состојбата во регионот и да се покаже одлучност да се почитува меѓународното право.

Турција и Грција имаат конфликт околу територијалните води богати со енергенти, а тензиите се зголемија во понеделникот кога Анкара испратила истражувачки брод во спорниот дел на Медитеранот, придружена со воени бродови, еден ден откако Грција потпиша договор со Египет.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ова прашање на вонредната средба во петок. Грчкиот министер истот ден поради тоа ќе се сретне во Виена со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.




Спонзорирани линкови

Маркетинг