Ал Келаифи подели „поздрави“: Ова е удар за многумина, Нејмар и Мбапе…

Дерби

13/08/2020

10:26

2.213

Големина на фонт

а а а

Насер Ал Келаифи конечно се израдува на еден пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите, успех кој ПСЖ го оствари по еден крајно драматичен финиш на дуелот со Аталанта.

Италијанскиот тим кој беше најголемо изненадување во Лигата на шампионите не издржа докрај, бидејќи водството од 1:0 со кое влезе во 90-та минута не беше доволно ниту за дополнителни 30 минути игра. Маркињос израмни на 1:1 во 90-та минута, а неполни три минути подоцна, Чупо Мотинг погоди за 2:1 и го комплетираше пресвртот на „светците“.

Иако Чупо Мотинг беше клучен во двете најважни акции на ПСЖ, приматот играч на мечот го понесе Нејмар, но исто така мора да се напомене дека тимот на Тухел делуваше далеку поразлично на теренот и по влегувањето на втората голема ѕвезда, Килијан Мбапе.

Замените на ПСЖ го променија текот на мечот, па широката клупа се покажа како клуч за кршење на отпорот на Аталанта која секако ги освои симпатиите на фановите.

По крајот на мечот, од реакциите на ѕвездите на ПСЖ можеше да се заклучи колку им значи поништувањето на бариерата наречена четвртфинале во Лигата на шампионите, а еуфоријата не ја криеше ниту Ал Келаифи кој испрати цврста порака за најголемите ѕвезди на тимот.

– Ова е многу важен ден за нас, бесценето. Со оваа победа го менуваме менталитетот, првпат откако сум тука сме во полуфиналето. Горд сум на сите, им благодарам на играчите, на стручниот штаб. Не беше лесно за нас откако се суспендираше Лига 1, не игравме долго, а вечерва покажавме карактер. Ова е удар и за сите француски медиуми кои го критикуваат ПСЖ. Нејмар и Килијан се едни од најдобрите во светот, меѓу тројцата најдобри. И двајцата сакаат да останат во ПСЖ, никогаш нема да си одат, – порача Ал Келаифи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг