Против стресот одлучил да се бори со минување на време во природата, а убавините кои ги открил ги споделил со сите.
Питер Дилејни работел 15 години во финансискиот сектор во Лондон и сфатил дека му е потребен одмор од секојдневниот стрес.
Поради тоа отпатувал во Африка, каде стравопочитта кон природните убавини го мотивирала да се посвети на фотографијата.
Освен што тоа била добра одлука за неговата психа, изгледа дека била одлична одлука и за остатокот од светот, бидејќи неговите прекрасни фотографии се мелем за душата.
Некои од фотографиите можете да ги погледнете во продолжение.