Исчезна 62-годишниот Ѓорѓи Дервишоски-Гоче, семејството бара помош од граѓаните

Точка

12/08/2020

20:50

2.611

Големина на фонт

а а а

Семејството го пријави за исчезнат Ѓорѓи Дервишоски-Гоче, 62-годишник од Тетово и бара помош од граѓаните доколку го видат да се јават во полиција или пак кај неговиот брат.

„Ѓорѓи последен пат го видовме вчера, 11-ти август, околу 19 часот, кога заедно со сопругата бевме кај него во станот за да му однесеме вечера. Тој има нарушено здравје и можно е да изгубил ориентација затоа што сè се случи кога немаше струја во Тетово“, вели братот Ристо.


Доколку граѓаните го забележат Ѓорѓи може да се јават кај братот Ристо на 071-686-603 или на 192, во полиција.

Исчезнувањето е пријавено и во СВР Тетово, откако се поминати 24 часа откако последен пат е виден 62- годишникот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг