Автомобилот во 1994-та година бил украден во Холандија, а потоа крадецот го турнал во реката во која што ''престојувал'' до јуни оваа година.
„Mondial“ е еден од „Ferrari“ автомобилите кој што не привлекува големо внимание и нема многу љубители.
Сепак, еден таков автомобил во последниве денови предизвика внимние кај љубителите на автомобили, иако речиси три децении поминал под вода.
Автомобилот на дното од реката поминал 26 години, а на суво бил извлечен во јуни и сега се наоѓа на отпад.
Јутјуберот Ratarossa, е голем љубител на автомобили од популарната италијанска марка.
Тој страствено ги спасува напуштените и запуштени „Ferrari“ автомобили и вели дека нема намера да се откаже од тоа, па така и овојпат ќе се обиде да го спаси овој стар автомобил.