Едно семејство од Америка на оригинален начин го казнило својот син.
Родителите на ова 14-годишно момче славеле годишнина од бракот во Лас Вегас, кога добиле повик од полицијата. Имено, нивниот син го земал семејниот џип од гаражата и се возел, а со тоа ги вознемирил соседите кои го пријавиле.
Тие веднаш го прекинале славјето и се вратиле дома, но на синот му ставиле до знаење дека сериозно ги налутил, па одлучиле да го казнат како што доликува.
Ја испразниле целосно неговата соба, и сите негови работи ги ставиле покрај патот и го натерале да им ги подарува на минувачите.
"Само сакав да се повозам, но немам возачка дозвола", рекол Ангел за една американска телевизија и додал дека самиот го испрал автомобилот, а бидејќи немал како да го исуши, одлучил да го повози.
Таткото на Ангел, Рамон, потврдил дека ја испразниле неговата соба и додава дека праќа порака до соседите, пред се во вид на извинување.
"Можел некого да прегази. Нешто многу лошо можело да се случи", изјавил таткото.
Ангел спие на под или на каучот во дневната соба, но тврди дека ја научил лекцијата.