4 неверојатни места на Земјата на кои што вашата нога никогаш нема да стапне – забранети се за јавност

Точка

12/08/2020

20:02

9.583

Големина на фонт

а а а

Погледнете на кои места најверојатно никогаш нема да може да погледнете што има, на кои острови не смее да чекорите.

Некои од најинтересните места на светот, кои што сведочат за развој на цивилизации во светот, затворени се за јавноста и претставуваат забранети дестинации за туристите, па веројатно никогаш нема да можеме да ги посетиме.

Повеља, Италија

Овој малечки остров во венецијалнската лагуна се смета за едно од најактуелните места на светот.

Напуштен е од 1968-та година, кога се затворила тамошната психијатриска болница. Пред тоа служел како карантин за заболените од чума, а низ историјата било и како контролна точна на пловилата.

Италијанската влада пред неколку години го понудила на долгорочен закуп од 99 години, со надеж дека некој ќе го купи и оживее, но безуспешно.

Област 51, Невада

На ова подрачје во Северна Невада никој не смее да му се приближи, освен тајните служби и воени лица со посебни дозволи.

Подрачјето 51 е неформално име за оддалечена база на американското Воено воздухопловство Edward Air Force.

Долго се верувало дека таму се тестираат авиони и оружја, додека пак теоретичарите на заговор тврдат дека таму американската влада крие доказ за вонземјански живот.

Островот и вулкан Херд во Австралија

Ова е едно од најзапоставените места на Земјата, каде што живеат пингвини, фоки и морски птици.

Островот се наоѓа помеѓу Мадагаскар и Антарктикот. На 953 квадратни километри се наоѓаат 41 глечер.

Експертите од Универзитетот на Хаваите во 2000-та година воочиле ток на лава долга дури два километри, која што излегувала од југозападната страна на врвот Мосон.

Ватиканската тајна архива

Длабоко под улиците на Ватикан се наоѓаат писмата на Микеланџело, писма на шкотската кралица Марија, барањата на кралот Хенри VIII за поништување на брак.

Таму има и историски документи, а некои од нив потекнуваат од VIII-от век.

Архивата е во сопственост на папата, а се проценува дека во неа се сместени над 35.000 документи, на полици кои што се протегаат до 83 километри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг