Куќата на плажа на Џенифер Лопез ќе направи секој ден да се чувствувате како да сте на годишен одмор

Точка

12/08/2020

18:33

4.310

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез имаат неколку домови ширум САД, а поради својата прекрасна локација особено се истакнува оној во Малибу кој парот неодамна одлучил да го продаде.

Трокатницата на славниот пар се наоѓа на песочна плажа покрај Тихиот Океан, а се простира на 400-тини квадратни метри. Домот има 5 спални соби, 4,5 купатила и домашно кино, а благодарение на големите прозорци од секој дел од домот се пружа спектакуларен поглед кон околината. 


Куќата има и неколку тераси на кои можете да се сончате, а посебно искуство е да седите во хидромасажната када на една од терасите и да уживате во топлите калифорниски ноќи со омилениот пијалак и смирувачките звуци на брановите кои го заплискуваат брегот.

Домот некогаш му припаѓал на актерот Џереми Пивен, а пред 2 години славниот пар го купил за 6,6 милиони долари. Џеј Ло и Алекс сега ја продаваат куќата за 8 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг