Денеска се одбележуваат точно 20 години откако руската нуклеарна подморница Курск потонала во Баренцовото море. Во трагедијата која се случила во текот на воена вежба, загинале сите 118 членови на екипажот.
Руската подморница "K-141" или "Курск", класа "Оскар II", била гордост на руската флота и симбол на моќта на целата Руска морнарица. Подморницата долга 154 метри, прв пат запловила во 1994-та година, и се до трагедијата без грешка ги исполнувала сите задачи.
Остатоците од подморницата биле извлечени од дното повеќе од една година по трагедијата, вклучувајќи го и потенцијално опасното нуклеарно оружје кое лежело на дното на морето.
Пронајдени биле 115 тела, од 118 членови на екипажот. телата на три морнарички офицери никогаш не биле пронајдени. Претседателот Владимир Путин целиот екипаж постхумно го одликувал со Орден за храброст, а капетанот со титулата Херој на Руската Федерација.
Меѓутоа, трагедијата на Курск била најтешкиот момент во дотогашната кариера на Владимир Путин, кој тогаш и прв пат бил јавно исвиркан.