Хаос во Белорусија: Фрлени молотови коктели на демонстранти, отворен оган на граѓаните

Точка

12/08/2020

17:45

1.495

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Брест, на југозападот на Белорусија, денес отворила оган кон граѓаните кои ја напаѓале, соопштило белоруското Министерство за внатрешни работи.

"Истрелите во воздух не ги сопреа. За да го заштитат животот и здравјето, полицајците отвориле оган. Еден од напаѓачите е ранет", се наведува во соопштението. 

Покрај тоа, неидентификувано лице фрлило молотов коктел на полициско возило во подрачјето на Брест. Во градот Жодин, во близина на Минск, автомобил налетал на војник и побегнал од местото на несреќата, пренесува "Tass".

- Во минатите неколку денови се случиле пет инциденти во кои автомобилите намерно ги удриле полицајците - соопштило министерството. Покрај тоа, утрово имало обиди за блокирање на јавниот превоз во Монск и другите големи градови во Белорусија.

Покрај тоа, утрово имало обиди за за блокирање на јавниот превоз во Минск и други големи градови во Белорусија.

Белорусија одржала претседателски избори на 9-ти август, а откако биле објавени резултатите според кои сегашниот претседател Александар Лукашенко освоил 80,08 проценти од гласовите, во Минск и другите градови избиле масовни протести, на кои дошло до судир со полицијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг