Откриени детали поради кои се распаднал првиот брак на Меган Маркл - она што го барал од неа е вистински скандал

Точка

12/08/2020

17:15

3.798

Големина на фонт

а а а

Првиот брак на Меган Маркл пропаднал бидејќи на нејзиниот сопруг, продуцентот Тревор Енгелсон, не му се допаѓала славата и популарноста која Меган ја стекнала после серијата „Suits“.

Ова е откриено во најновата биографија за членовите на кралското семејство „Finding Freedom“.

Авторите на биографијата тврдат дека поранешниот сопруг на Меган сакал таа да зависи од него.


Според книгата, Меган после 7-годишната врска и речиси 2-годишниот брак, се развела од сопругот, бидејќи тој не можел да поднесе дека таа има моќ и слава.

„Додека беа уште заедно, Меган им се пожалила на пријателите дека ѝ се чини како на Тревор да му пречи нејзината актерска кариера. Чувствувала дека тој сака да зависи од него. Тревор се навикнал тој да е главен и постојано да ѝ помага во снаоѓање во филмската индустрија. Кога се променило тоа, се појавиле проблемите“, раскажал изворот.

Нивниот брак официјално е завршен во 2014-та година, поради големите разлики, што е наведено како причина во официјалните документи за развод. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг