Јапонскиот премиер прочитал ист говор во Хирошима и Нагасаки: Абе тешко ги навредил преживеаните во атомскиот напад

Точка

12/08/2020

17:05

1.533

Големина на фонт

а а а

Преживеаните од нападот на атомската бомба пред 75 години го обвиниле јапонскиот премиер Шинзо Абе дека не го почитува нивното патење откако одржал два речиси идентични говори по повод одбележувањето на годишнината од нападите на Хирошима и Нагасаки.

Апликација за откривање на плагијати открила дека говорот на Абе во Нагаски во неделата бил 93 проценти ист со говорот кој пред 3 дена го одржал во Хирошима, известил весникот "Маиничи Шимбун". 

Верзиите од говорот на англиски јазик на официјалната веб страна на Абе исто така покажуваат висок степен на повторување.

Во воведниот параграф е споменато името на двата града и потоа следува: "Искрено изразувам сочувство за душите на големиот број на жртви на атомската бомба. Искрено им изразувам сочувство на оние кои секогаш патат од последици на атомските бомби".

Покрај насловот на церемонијата, говорите се поклопуваат од збор до збор.

Абе, меѓутоа, користел поинаква формулација кога зборувал за тоа како секој град се обновувал во годините по поразот на Јапонија во војната.

Се проценува дека 140.000 луѓе умреле веднаш, додека 74.000 лица починале во наредните три години.

Освен имињата на градовите, завршните изјави имале иста формулација, при што Абе изразил надеж за свет без нуклеарно оружје.

"Исто е секоја година", рекол Коичи Кавано, шефот на советот за врска на преживеаните во атомските напади во Нагасаки. "Зборува глупости и си заминува, како да сака да каже: Еве. Пријатно. Ги заменил само имињата Хирошима и Нагасаки. Од високо гледа на преживеаните на бомбашките напади", заклучил Кавано.




Спонзорирани линкови

Маркетинг