Тие ја направија и вакцината за ебола – запознајте го Институтој Гамалеј, творецот на вакцината против коронавирус

Точка

12/08/2020

17:25

2.724

Големина на фонт

а а а

Институтот по основањето бил приватна хемиска-микроскопска и бактериолошка ординација, а во 1919-та година станал национализиран.

Вчера во цел свет одекна веста дека Русите ја регистрираа својата вакцина против коронавирусот.

Тој настан предизвика различни реакции каде што преовладува и скептицизам.

СЗО и другите експерти во целост не се убедени во ефикасноста на таа вакцина.

Меѓутоа, во овој текст ќе позборуваме за истражувачкиот Институт Гамалеј каде што настана вакцината.

Тој е стациониран во Москва и е подреден на руското Министерство за здравје.


Пред речиси 130 години, во далечната 1891 година го основал Николај Гамалеј по кој што и денес го носи името.

Гамалеј бил пионир во истражувањата на полето на вакцинацијата и микробиологијата во Русија.

Институтот по основањето бил приватна хемиско-микроскопска и бактериолошка организација, а во 1919-та година станал национализиран.

Главните истражувања кои што Институтот ги спроведувал биле оние за Еболата и сега актуелниот коронавирус.

Пред три години тие обелодениле испорака од 1.000 дози независно произведени вакцини против Ебола во Гвинеја.

Судејќи според извештаите од кинеската новинска агенција Синхуа, тоа засега е единствено одобрена вакцина за таа болест.


Таков е моментално случајот и со коронавирусот. Институтот почна со истражувања во месец мај оваа година.

Тие поминаа низ три фази каде што првата фаза беше завршена на 18-ти јуни, а втората во месец јули, за вчера конечно претседателот Владимир Путин да објави дека веќе е развиена руската вакцина.

Се очекува во месец септември да почне индустриското производство на вакцината која што е изработена во Институтот Гамалеј.




Спонзорирани линкови

Маркетинг