Во Хрватска втор најлош ден од почетокот на епидемијата, во Србија 254 новозаразени

Макфакс

12/08/2020

15:58

946

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 130 новозаразени од коронавирус, така што во моментот има 686 активни случаи, вклучително и 35 здравствени работници.

Осуммина пациенти се на респиратор, соопшти на прес-конференција националниот штаб.

Хрватските медиуми посочуваат дека повеќето од новите случаи со вирусот се заразиле во ноќни клубови во Далмација поради што од националниот штаб посочија дека вчера биле сменети препораките за ноќните клубови, со забелешка дека не треба да работат затворените делови.

Вкупниот број на инфицирани од почетокот на пандемијата е 5.870, 2.297 лица се во самоизолација, а досега се направени 132.292 теста.

Ова е втор најлош ден во однос на бројот на новозаразени лица уште од почетокот на епидемијата – повеќе заразени биле регистрирани само на 11 јули кога во Хрватска биле забележани 140 случаи, пренесува „Јутарњи лист“.

Во Србија, пак, во изминатите 24 часа биле тестирани 8.768 лица, а 254 од нив биле позитивни. Регистрирани се и шест смртни случаи како резултат на компликации од Ковид-19.

Според податоците на српското Министерството за здравство, моментно на респиратор има 87 пациенти. Во однос на вчерашниот ден тоа е намалување за четворица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг