Модринката на око е знак на тајното друштво? Цел свет зборува за теоријата на заговор која го објаснува нивното настанување

Точка

12/08/2020

16:25

23.012

Големина на фонт

а а а

Се појави бизарна теорија на заговор која тврди дека познатите личности забележани со модринка на левото око се всушност Илуминати.

Според таа теорија на заговор, модринката на окото е дел од процесот на започнување ритуал на култ или кај Илуминатите, каде што човекот мора да поднесе болка за да стане помоќен. 

Со модринка на окото се фотографирани поранешни претседатели, членови на кралското семејство, актерки, актери и многу други.

Поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш, папата Франциско, принцот Филип и принцот Ендрју во последните години биле фотографирани со модринка под левото око или околу него.

На списокот се наоѓаат и многу јавни личности како што се актерите Елизабет Харли, Роберт Дауни Џуниор, како и Бој Џорџ, пренесува “Daily Mail”.


На оваа тема зборувала Шери Шринер, авторка на книгата “Интервју со ѓаволот”, во која тврди дека разговарала со Луцифер. Според неа, владини лидери, луѓе кои имаат ТВ емисии и стотици популарни забавувачи им ја продале својата душа на ѓаволот.

“Денес не можете да бидете на телевизија без да потпишете “договор”. Бизарното повторување на модринките на лицата на политичарите и познатите резултираше со шпекулации дека нивните души се заменети со сатански ритуал наречен “скалпирање на душата”, истакнала Шринер.

Шринер, која почина на почетокот од оваа година, верувала дека душите на сите моќни луѓе во светот се “скалпирани”. Таа навела дека ова може да се направи на повеќе ритуални начини, а сето тоа резултира со “поседување”, при што човечката душа се отстранува и телото го презема демонскиот ентитет.


Во круговите на теоретичарите на заговор, овој процес е познат и како “влез”. Некои луѓе веруваат дека црното око е резултат на “скалпирање на душата”. Во меѓувреме, познатите личности се обидувале на разни начини да објаснат од каде потекнуваат модринките на нивните очи.

Така, актерот Адам Сендлер изјавил дека го удрило “нероденото дете на бремената Дру Баримор” или дека се повредил додека играл кошарка.

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, исто така, беше забележан со модринка на окото. Тој првиот случај во 1992 година го објаснил со “голема снежна топка што ја добил од неговиот внук”, вториот од 2004 година од “паѓање од велосипед”, а неодамна изјави дека “микрофон го удрил во лицето за време на еден говор”.


Папата Франциско изјавил дека го удрил окото додека се возел во “папамобилот” минатата година. Теоретичарите на заговор истакнуваат дека членовите на кралското семејство, исто така биле видени со модринки на очите во последните години.

Принцот Филип бил забележан со модринка во 2013 и 2015 година, а портпарол на палатата кажал дека тој “се разбудил со неа”.

Некои истражувачи укажуваат на врска помеѓу модринките на окото и обожувањето на египетскиот бог на сонцето – Хорус, чие лево око било црно и претставувало месечина, а десното око е бело и го претставува сонцето. Во минатото се верувало дека црното око е “знак на ѓаволот”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг