Пустош во Њујорк: Некогаш сите сакаа да живеат во градот, а сега сè повеќе луѓе си заминуваат...

Точка

12/08/2020

15:50

2.357

Големина на фонт

а а а

Улиците на Њујорк се познати по метежот и преполните улици, меѓутоа овие денови се исполнети со камиони за селидба.

Според истражувањата, само од март до мај, Њујорк го напуштиле 420 илјади луѓе. За град со 8 милиони жители тоа можеби не изгледа многу, но сепак на југот од Менхетн 5% од становите биле празни, а во скапите квартови празни биле половина од становите.

„Живееш во градот затоа што сакаш да бидеш во градот. Но, кога се е затворено и исчезне, целата култура на живот, рестораните, парковите, тогаш е многу тешко“, вели Алисон Бернстајн, пренесува "Seebiz".


Таа е посредничка за продажба на недвижнини и вели дека никогаш немала толку многу работа.

„Нашиот бизнис цвета. Во споредба со минатата година и од избивањето на пандемијата имаме 350% повеќе барања. Меѓутоа, додека луѓето порано бараа свое место во Њујорк, сега е обратно“, вели Бернстајн.


Луѓето исто така си заминуваат затоа што Њујорк е исклучително скап град, а поради кризата со коронавирусот, сега многумина не можат да си дозволат да живеат во „Големото јаболко“. Голем број на луѓе останаа без работа и многумина допрва се подготвуваат да го напуштат градот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг