Јувентус нуди тројца играчи за ангажман на напаѓачот на Арсенал

Дерби

12/08/2020

14:44

2.443

Големина на фонт

а а а

Андреа Пирло веќе почна да ги крои трансфер плановите за ова лето со цел да состави што помоќен тим во пресрет на следната сезона која ќе биде прва за него во тренерските води.

Англискиот медиум „Атлетик“ пренесува дека Јувентус е заинтересиран во своите редови да го донесе напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет со што ќе ја зголеми конкуренцијата во офанзивата.

За да го ангажира играчот клубот од Торино е подготвен во Арсенал да прати еден играч, а на клубот ќе им ги понуди Гонзало Игуаин, Даглас Коста или Кристијан Ромеро.

Арсенал не е заинтересиран за Игуаин поради неговите години и високата плата, но трампа со Даглас Коста би можела да биде опција за „топчиите“ кои ќе имаат доста изменет состав за следната сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг