Дознал дека сопругата го изневерува откако ја видел со љубовникот на Google Maps

Точка

11/08/2020

21:47

6.539

Големина на фонт

а а а

Листата со необични работи кои луѓето ги пронашле на Google Maps е преголема, но еден Португалец наишол на нешто што никој не би сакал да го види.

Имено, додека на Google Street View ги разгледувал улиците од главниот град, ја видел својата сопруга со друг маж.


Камерата на Google ја снимила како седи на една од клупите покрај мостот Puente de Los Suspiros de Barranco, а мажот со кој била ја потпрал главата на нејзиното крило.


Иако лицето ѝ е замаглено, сопругот ја препознал по облеката, а кога ја соочил со она што го видел, го признала неверството и дошло до развод, пренесува „New York Post“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг