Сите очи се вперени во оваа жена: Еве која е ќерката на Путин која на себе ја тестираше вакцината против коронавирус

Точка

11/08/2020

21:18

5.764

Големина на фонт

а а а

Откако претседателот на Русија, Владимир Путин соопшти дека една од неговите ќерки на себе ја тестирала вакцината против коронавирусот, сите светски медиуми почнаа да пишуваат за неа.

Марија Воронцова (35) е најстарата ќерка на Путин, по професија е педијатар-ендокринолог, а сега сите очи се вперени во неа со оглед на тоа дека ја примила вакцината против невидливиот непријател.

„Една од моите ќерки прими таква вакцина. Всушност таа учествуваше во експериментот. После првата вакцина имаше температура 38, другиот ден нешто повеќе од 37 и тоа е тоа“, рекол Путин на владината седница каде е објавено дека Русија ја регистрирала првата вакцина против Кови-19.

Воронцова студирала биологија на Универзитетот во Санкт Петербург, а дипломирала медицина на Универзитетот во Москва.

Таа воедно е и советничка на Путин за генетски инженеринг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг