Нигериски пејач осуден на смрт поради богохулење

Точка

11/08/2020

21:17

1.941

Големина на фонт

а а а

Кано е една од околу 12 сојузни држави на северот на Нигерија, каде на сила е шеријатскиот закон.

Младиот музичар од сојузната држава Кано на северот на Нигерија е осуден на смрт со бесење поради богохулење над пророкот Мухамед. 

Врховниот шеријатски суд го прогласил Јахај Шарих за виновен поради песната која е опишана како навреда за пророкот Мухамед.

Рокот за поднесување на жалба на пресудата е 30 дена.

Службеник на полицијата од Кано, Лаван Мухамад, за "AP" рекол дека е задоволен од пресудата.

"На таа пресуда и се надевавме кога го уапсивме", рекол тој.

Демонстрантите ја запалиле куќата на Шариф откако ја објавил песната на социјалните мрежи.

Кано е една од околу 12 сојузни држави на северот на Нигерија, каде на сила е шеријатскиот закон.

Досега е извршено само едно погубување, во 2002-ра година, кога маж бил осуден за убиство на жена и нејзините две деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг