Анџелина Џоли наводно барала да се промени приватниот судија кој го следи случајот на нејзиниот развод од актерот Бред Пит и долготрајната битка за старателството над шесте деца, кој трае од 2016-та година.
Адвокатите на актерката, според странските медиуми, поднеле барање до Врховниот суд во Лос Анџелес, во кое тврдат дека судијата 'не го открил моменталниот однос помеѓу него и адвокатот на Пит'.
Меѓутоа, извор близок до овој пар вели дека тоа е само тактика на Анџелина за да го одложи разрешувањето на случајот, бидејќи смета дека работите моментално не одат во нејзина корист.
Главното прашање околу кое Бред и Анџелина не можат да се согласат е старателството над нивните шест деца.
„Џоли се обидува да го отпушти приватниот судија кој го надгледува нивниот случај. Таа има право на тоа, но ако мисли дека е на добар пат во оваа правна постапка, тоа не би требало да го прави. Ова е класичен случај кога некој очекува лоша одлука од судот и се обидува да ја одложи постапката барајќи нов судија“, тврди изворот и додава дека нејзината постапка е многу необична, со оглед дека го одолговлекува целиот процес.