Ова им дава надеж на членовите на исчезнатите лица.
Околу 60 луѓе исчезнале по силната експлозија на амониум нитрат која пред една недела го потресла Бејрут, а инспекторите кои го пребаруваат местото на несреќата откриле подземни лавиринти, што буди надеж дека некои од нив ќе бидат пронајдени живи.
Инспекторите откриле простории кои личат на соби изградени како засолништа во случај на напад.
عوافي @LBpresidency أخر خبرية اكتشاف أنفاق تحت المرفأ بعد الإنفجار.
— Shams (@ShamsWNour) August 9, 2020
وينك يا كبيييير يا بتوع السيادة وروحو سألو عني... عندك شي صلاحيات بهالمواضيع أو كمان OUT؟؟؟ تخبز بالفرح سيّد عون.
نصيحة جيب خبراء شوف شو فيه تحت القصر وتحت وزارة الدفاع. نصيحة ببلاش من مواطنة... #لبنان_منكوب pic.twitter.com/kGXY2Lr10D
Спасувачите моментално ги рачистуваат урнатините за да допрат до тие соби.
"Тие знаеја дека таму постои лавиринт од подземни простории, успеаа да дојдат само до една. Тоа дава надеж за семејствата на исчезнатите дека тие некако преживеале", навел дописникот на една австралиски телевизија.
Во обезбедувањето на местото на несреќата и потрагата по исчезнатите, на припадниците на либанската војска и цивилната одбрана им се приклучиле и руски и тураи спасувачки тимови.
Потсетуваме, во експлозијата на околу 2.700 тони амониум нитрат на бејрутското пристаниште на 4-ти август бил уништен добар дел од либанската престолнина. Загинале речиси 200 лица, а повредени се 6.000. Штетата е проценета на 5 до 15 милијарди долари.
Два дена подоцна, избиле насилни демонстрации на кои граѓаните барале реформи. Епилог на протестите бил оставка на либанската влада.