"Ми се допаѓа, но чувствата ми се променија": Трамп за односот со Кси и како коронавирусот променил сè

Точка

11/08/2020

17:51

1.514

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска рекол дека неговиот однос со кинескиот претседател Кси Џинпинг бил прекинат по пандемијата на коронавирусот, и дека веќе долго не разговарал со него.

"Имам добар однос со него, одличен, ми се допаѓа, но тоа повеќе не го чувствувам на ист начин", нагласил Трамп, нагласувајќи дека чувствата му се промениле поради пандемијата на коронавирусот. 

Американскиот претседател истакнал дека последиците од вирусот се многу полоши од спорот околу трговијата.

Првите извештаи за вирусот дошле од Кина кон крајот на 2019-та година, и досега ширум светот биле заразени повеќе од 20 милиони луѓе, а починале најмалку 735.369.




Спонзорирани линкови

Маркетинг