„Сакаа Арчи да го одгледувам како сноб“ - Меган Маркл во тајност го крсти синот, Британците тоа никогаш нема да ѝ го простат

Точка

11/08/2020

17:30

2.992

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл изјавила дека имала впечаток дека луѓето од неа очекувале синот Арчи да го одгледува како сноб, после критиките дека во тајност го крстила детето.

Заштитнички настроената Меган Маркл, на 6-ти јули минатата година во апсолутна тајност го крстила синот Арчи во замокот Виндзор, во присуство на 20-на гости. 

Во необјавената биографија „Finding Freedom“, Меган зборувала за очекувањата на луѓето.


Откако медиумски беше нападната, бидејќи тајно го крстила Арчи и што не ѝ дозволи на јавноста да учествува во овој чин, британските медиуми пишуваа дека Меган ќе го упропасти детето.

„Тие луѓе ме злоставуваа и сакаа да го одгледувам детето како сноб. Детето кое не е заштитено и нема титула. Дали тоа има смисла? Прашај ја за тоа било која жена на светот“, рекла Меган, пренесува „The Sun“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг