Лажната вест на "Госпоѓа Рози": "Мигранти испекле и изеле четири кучиња" - настанот кој никогаш не се случил

Точка

11/08/2020

16:49

1.369

Големина на фонт

а а а

Под наслов "Мигрантите убиле, испекле и изеле четири кучиња", дневниот весник "Либеро" објавил вест и видео од извесна "госпоѓа Рози" од Лампедуза, која тврди дека мигранти муслимани "украле и испекле на скара четири кучиња, но и кози, кокошки и други домашни животни, а ги оставиле само свињите".

Веста ја пренеле и други медиуми, а видеозаписот станал вирален на социјалните мрежи. 

Сето тоа, меѓутоа, е лага, утврдиле експертите од порталот "Open", кој се занимава токму со откривање на лажни вести. Во овој случај во истражувањето на лажната вест биле вклучени и антрополози и форензичари, а по откритието дека целата приказна е лажна ќе има работа и за полицијата, ветеринарната инспекција и здруженијата за заштита на животни.

Со истражувањето било утврдено дека "госпоѓата Рози" уште во 2018-та година објавила вест која исто така било утврдено дека е лажна, а во меѓувреме станала и блогерка, редовно објавува слични содржини на неофашистички сајтови, а нејзиниот профил на Твитер повеќе пати бил блокиран токму поради лажните и непотврдени вести.

"Ова е опасно манипулирање со ситуацијата, фрла дамка на Лампедуза и сите нејзини граѓани, а служи единствено да шири омраза кон мигрантите. Крајно време е државата да усвои мерки оние кои шират лажни вести соодветно да се казнат", изјавил градоначалникот на Лампедуза, Тото Мартело.

"Сењора Рози" во своето видео тврди дека мигрантите не ги допирале свињите кои таа ги одгледувала, што предизвикало внимание кај локалните власти, бидејќи нема пријавено дека некој во регионот има фарма за свињи.

Работа ќе има и за здруженијата за заштита на животни, кои веднаш излегле со соопштение во кое пишува дека нема ниедна пријава за исчезнато куче.




Спонзорирани линкови

Маркетинг