Мајка со 3 деца позитивни на коронавирус вратени од скопскиот аеродром – знаеле дека се заразени, а тргнале да летаат за Норвешка

Точка

11/08/2020

11:42

5.499

Големина на фонт

а а а

Мајка со 3 деца кои биле тестирани на приватна клиника и нивните резултати биле позитивни на коронавирус, не ги послушале мерките за задолжителна самоизолација и заминале на скопскиот аеродром за да патуваат.

Комисијата за заразни болести во неделата ги предупредила воздухопловните власти да го спречат семејството да се качи во авион кој летал за Норвешка за да не ги зарази и останатите патници. 


Инцидентот на скопскиот аеродром се случил еден ден откако во Финска слетал авион со 157 патници од Скопје, од кои 24 биле позитивни на коронавирус. Финските власти претходно откриле дека летови од Скопје и Букурешт, Романија се главни извори на новите случаи на коронавирус во земјата. Сега Финска планира да воведе задолжително тестирање на сите патници од Скопје, а Македонија е ставена и на германската листа на земји од висок ризик.

Од Комисијата за заразни болести велат дека најчесто станува збор за иселеници, повеќето од нив и со двојни државјанства, кои се враќаат тука за свадби и други семејни прослави, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа бидејќи со дозвола за престој за нив не важат рестрикциите, пренесува “Сакам да кажам”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг