Браќата кои се занимаваат со отстранување на отпад и расчистување на домови ѝ се одмаздиле на една клиентка која наводно не сакала да ја плати услугата со тоа што истовариле камион полн со отпад пред нејзиниот влез.
31-годишниот Џонатан Морган и неговиот брат Калум од Кардиф, кои го водат претпријатието “Cardiff Waste Removal & House Clearance”, 2 часа го расчистувале стариот мебел и отпад, а за својата работа барале 120 фунти.
Меѓутоа, откако жената не им платила до наредниот ден, браќата се вратиле во нејзиниот двор и го истуриле цел отпад пред нејзината врата. Роднините на жената во меѓувреме ги контактирале Џонатан и Калум и барале отпадот да биде отстранет.
“Ова им се случува на клиентите кои одбиваат да платат. Добиваат поврат. Бесплатно”, вели Калум на снимката пред Џон да го истовари отпадот, а видеото предизвика поделени реакции во јавноста.
Браќата велат дека ѝ наплатиле 120 фунти на жената, иако станува збор за услуга од 200 фунти. Калум изјавил дека жената изгледала како пристојна дама која им објаснила дека нема многу пари, па тие ѝ наплатиле помалку само за да не бидат во загуба.
“Не сакавме да заработиме многу, само сакавме да ѝ помогнеме”, велат браќата Морган.