Протече вознемирувачка информација за експлозијата во Бејрут: За опасноста знаел целиот државен врв

Точка

11/08/2020

09:02

4.358

Големина на фонт

а а а

Либанските безбедносни власти минатиот месец ги предупредиле премиерот и претседателот дека 2,750 тони амониум нитрат складирани на пристаништето во Бејрут претставуваат безбедносен ризик и можат да го уништат градот.

Нешто повеќе од две седмици подоцна, на 4-ти август експлозијата се случи и однесе 220 животи, додека 110 граѓани и натаму се водат како исчезнати. Повеќе илјади граѓани се повредени, над 300 илјади граѓани останаа без своите домови, а вкупната штета се проценува на околу 15 милијарди долари.

„Ројтерс“ дојде до извештајот на Главната управа на државната безбедност за случувањата кои довеле до експлозијата, а во кој посебно внимание привлекува писмото упатено на 20-ти јули до претседателот Мишел Аун и премиерот Хасан Диаб.


Иако самото писмо не било во извештајот, висок либански безбедносен функционер за британската новинска агенција открил дека во писмото се наоѓале судските истраги започнати во јануари во кои било заклучено дека хемикалиите е потребно веднаш да бидат обезбедени.

„Постоела опасност овој материјал, во случај на кражба, да биде искористен во терористички напад“, изјави службеникот за „Ројтерс“.

Истиот функционер кој сакал да остане анонимен, учествувал во составувањето на писмото, а открива дека во него ги предупредил властите на државата дека евентуална експлозија би можела да го уништи Бејрут.


Од канцелариите на либанскиот претседател и премиер не одговорија на барањето за коментар на писмото.

Инаку, либанскиот премиер Хасан Диаб во понеделникот навечер ја објави оставката на владата после катастрофалната експлозија, за која обвини дека е резултат на „ендемската корупција“ во земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг