Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Макфакс

11/08/2020

08:52

754

Големина на фонт

а а а

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На новинарите им било речено да ја напуштат просторијата.

„Имаше пукање пред Белата куќа“, рече Трамп, заблагодарувајќи се на Тајната служба за брзата реакција, пренесува Си-ен-ен.

„Се чувствувам многу безбедно со тајната служба, тие се фантастични луѓе, тие прават сé што можат, тие се високо обучени“, им рече Трамп на новинарите.

Тој додаде дека не е сигурен колку блиску бил напаѓачот, но дека има доверба во тајната служба. 

„Би сакал да се заблагодарам на тајната служба за нивната секогаш брза и многу ефикасна работа. Имено, имаше пукање и некој беше однесен во болница”, рече Трамп. 

Како што додаде, се чини дека лицето било застрелано од тајната служба „но дека, ќе видиме што се случува“. Трамп рече дека не знае во каква состоба е ранетиот. 

Портпарол на високата администрација потврди за Си-ен-ен дека лицето коешто пукало е во притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг