Драматично во Минск, загина еден демонстрант: Лукашенко се заканува - овде нема да го гледате Мајдан!

Точка

11/08/2020

08:45

1.585

Големина на фонт

а а а

Едно лице загина вчера навечер на протестите во Минск откако во рацете му експлодирала бомба, пренесуваат белоруските медиуми.

Големи протести и судири на демонстрантите со полицијата избија во Белорусија после победата на Александар Лукашенко на претседателските избори. Од Државната изборна комисија објавија дека според првичните резултати, Лукашенко освоил дури 80,23% од гласовите.

Сепак, опозицијата не ги признава резултатите и тврди дека претседателските избори биле наместени, по што веднаш после објавувањето на резултатите, во Минск и повеќе други градови ширум Белорусија избија протести.

Синоќа илјадници граѓани излегоа на улиците, а полицијата интервенираше употребувајќи сила.

Сведоци тврдат дека полицијата користи солзавец и шок бомби, а во пресрет на протестите, голем број на полициски сили биле распоредени во Минск, а трговските центри затворени.

Според некои информации, полицијата деновиве уапсила дури 3 илјади демонстранти, а претседателот Лукашенко ја оправдува постапката на белоруската полиција.

„Предупредив дека тука нема да има Мајдан, без оглед на тоа колку некој го сака тоа“, порача Лукашенко алудирајќи на револуцијата во соседна Украина во 2014-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг