Сончево и ветровито со температура до 35 степени

Макфакс

11/08/2020

08:33

562

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 32 степена.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време со услови за појава на изолирана нестабилност претежно во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг